Утрински Весник
Балкан

Српското МНР потврди дека Дачиќ утре во Москва ќе се сретне со Лавров

20240320201149 big 730x400 48.webp.webp

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ утре во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

На покана на Лавров, Дачиќ утре ќе престојува во Москва каде ќе присуствува на пријателскиот натпревар меѓу фудбалските селекции на Србија и Русија, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

За време на престојот во Москва, Дачиќ ќе се сретне и со министерот за економски развој на Русија Максим Рештиников, пренесе Бета.

Претходно веста за средбата ја пренесе портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Можете да прочитате

САД со итно предупредување: Избегнувајте патување на Кипар поради воената ескалација

Зголемена побарувачка за гориво во Србија, граѓаните масовно полнат цели резервоари

Турција: Одбраната на НАТО пресретна балистичка ракета од Иран