Утрински Весник
Македонија

Кривично ќе се гони полицаецот што возел без возачка дозвола

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик.

Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври” во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв” без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Можете да прочитате

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран