Утрински Весник
Македонија

Српски државјанин фатен на граница како превезува мигранти

Приведен криумчар на мигранти

Српски државјанин фатен како превезува мигранти на граничниот премин Стар Дојран.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, М.К.(47) од Србија возел товарно возило со приколка, а во него биле пронајдени 20 мигранти од Сирија.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, лишени од слобода и приведени 14 лица

Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции и 24 прегледи

Почна  исплатата на правата од социјална и детска заштита