Утрински Весник
Спорт

Јокиќ ја „разби“ Аталанта, Леброн на чекор до рекордот во поразот на Лејкерс

Јокиќ ја „разби“ Аталанта, Леброн на чекор до рекордот во поразот на Лејкерс
300x250 (7)

Денвер нагетс со 128:108 ја „разбија“ Аталанта хоукс во меч во кој Никола Јокиќ третпат еднопорго имаше трипл-дабл откако за 34 минути постигна 14 поени, 18 скока и 10 асистенции.

dobivaj vesti na viber

И покрај ваквиот учинок на МВП на лигата, тој не беше наефикасен во тимот на Нагетс, каде што Џамал Мареј постигна 41 поен. Денвер остануваат лидери на Западот со 37-16, додека Аталанта е на осмото место на Истокот со 27-27.

Ss1

Во Њу Орлеанс пак, Леброн Џејмс дојде на само 36 поени од рекордот на НБА лигата по бројот на поени, но не успеа да помогне Лејкерси да не претрпат уште еден пораз, овојпат со 131:126 од Пеликанс. Џејмс имааше 27 поени, 9 скока и 6 асистенции, за да се доближи на рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во НБА лигата.

Голден Стејт вориорс стигнаа до 119:113 победа над Далас маверикс, но го загубија Стеф Кари, кој во третата четвртина беше повлечен од игра по очигледна повреда на коленото.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Вашингтон 125:123
Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 131:126
Детроит – Финикс 110:116
Њујорк – ЛА клиперс 128:134
Чикаго – Портланд 129:121
Милвоки – Мајами 123:115
Оклахома Сити – Хјустон 153:121
Голден Стејт – Далас 119:113
Денвер – Аталанта 128:108

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер