Утрински Весник
Спорт

Српската одбрана ја изеде Литванија – Србија е првиот полуфиналист на СП

Српската одбрана ја изеде Литванија – Србија е првиот полуфиналист на СП

Кошаркарската репрезентација на Србија прва избори пласман на Светското првенство. Во првото четвртфинале, во Манила, Србија ја декласира Литванија со 87:68 (24:25, 13:25, 17:24, 13:14).

dobivaj vesti na viber

Српската репрезентација им одржа час по кошарка на Литванците. Постигнаа 87, а на репрезентацијата која против Америка постигна 110 поени и прими само 68. Србите имаа проблем само во првата четвртина со литванскиот шут за три поени. Во првите 10 минути Литванија постигна пет тројки од шест обиди.

Кога Србите најдоа решение на кој начин да го бранат шутот за три и решение за центарот Јонас Валанчунас, целосно ја презедоа играта во свои раце.

Имаа предност од 11 поени на полувреме, 18 по завршувањето на третиот период, а во еден момент од последната четвртина и максинални 25 поени предност.

Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 21 поен, 18 од нив постина во првата четвртина. Исклучително значајна улога имаа Филип Петрушев и Стефан Јовиќ. Петрушев 17 поени, шест скока за само 17 минути и 27 секунди игра. Плејмејкерот Јовиќ уфрли 11 поени, три тројки во третата четвртина и пет асистенции. Кај Литванија се истакнаа Седекерскис со 14 и Јокубаитис со 13 поени.

Можете да прочитате

РК Вардар победнички стартуваше во ЕХФ Купот

Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Словачка

Македонските фудбалери се во Летонија пред првиот меч од Лигата на Нации