Утрински Весник
Македонија

„Дрисла“: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата

(Видео) Густ црн чад се шири од депонијата „Дрисла“

„Во врска со дезинформациите објавени изминативе неколку денови во некои од медиумите и особено на социјалните мрежи за депонијата ‘Дрсла’, ве известуваме дека ЈП депонија ‘Дрисла’ е единствена санитарна депонија во државата, која работи во согласност со А-интегрирана дозвола и своите работни активности ги извршува во согласност со сите законски прописи за управување со отпад и заштита на животната средина. Истовремено, таа е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниот инспекторат за животна средина“, велат од „Дрисла“.

dobivaj vesti na viber

„Апелираме правото и слобода на говорот и јавното информирање да не се злоупотребува за ширење лажни вести и невистини на социјалните мрежи од страна на група луѓе, кои го доведуваат во заблуда и паника локалното население дека депонијата ‘Дрисла’ ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето, како што се случи денес во раните утрински часови со подметнатиот пожар на депонијата ‘Дрисла’.

Ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на ‘Дрисла’ и со помош на пожарникарски служби пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности. Од страна на полицијата направен е увид и записник и ќе постапува во согласност со своите ингеренции. Воедно, ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детаљно да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети, а против лицата што шират лаги и дезинформации за депонијата ‘Дрисла’ од страна на претпријатието ќе бидат поведени соодветни постапки“, се додава во соопштението на „Дрисла“.

Можете да прочитате

Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ се во финална фаза

Паника во летот од Цирих кон Скопје принудно вратен назад во авионот удрил гром

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е против „Северна Македонија“ а го избриша „Република Македонија“ од својот Статут