Утрински Весник
Македонија

Средба Тошковски – Дрекслер: Силна поддршка од Германија за борба против криминалот, како и за владеење на правото и креирање силна и професионална полиција

02 2 Scaled.jpg

Денеска (03.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев остварија работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.

Министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и искрена поддршка од страна на Сојузна Република Германија, која треба да продолжи и во иднина со надеж што поскоро да станеме дел од европското семејство. Министерот ги презентираше главните цели кои ќе бидат во фокус во наредниот период, како борбата против организираниот криминал и корупција не само декларативно туку вистински, реконструирање и функционална систематизација и дигитализација на процесите.

Амбасадорката Дрекслер упати честитки до министерот Тошковски и директорот Јанев и ја потенцираше досегашната соработка, посебно во делот за Центарот за обука на МВР и опремата која е донирана на министерството.

Директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Александар Јанев ги објасни реформите кои се планираат во делот на полициското и криминалистичко работење и уште еднаш ја потенцираше одличната соработка со германската полиција во делот на размена на информации, особено во борбата со транснационалниот организиран криминал.
На средбата беше потенцирано дека директната соработка и пријателските односи ќе продолжат и  ќе се интензивираат во следниот период, со цел засилување на борбата против криминалот, како и за владеењето на правото и зголемување на безбедноста на сите граѓани.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана