Утрински Весник
Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател, Никушор Дан

Foto 1 2.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан.

Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето”, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во конститутивните акти на Унијата.


Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздрави романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња”.

Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.

На средбата беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката.

Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за понатамошна меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации.

Таа упати покана до претседателот Дан за официјална посета на земјава.

Можете да прочитате

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите