Утрински Весник
Свет

Средба на Путин и Си Џинпинг на маргините на самитот на ШОС

Putin si.webp.webp

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, денеска се сретнаа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) кој се одржува во Бишкек.

Путин истакна дека соработката меѓу Русија и Кина успешно се развива во сите области, пренесува РИА Новости. Според него, Москва е подготвена да соработува со Пекинг за безвизниот режим да стане траен, доколку Кина тоа го смета за корисно.

Рускиот лидер претходно денеска допатува во Киргистан, додека Си во Бишкек пристигна вчера.

Во руската делегација се и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, потпретседателот на владата Алексеј Оверчук, заменикот-шеф на администрацијата на претседателот Максим Орешкин, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков. Во делегацијата се и министерот за економски развој Максим Решетников, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и директорот на „Росатом“ Алексеј Лихачов.

Денешната средба во Бишкек е втор директен состанок на Путин и Си Џинпинг оваа година. Претходно двајцата лидери се сретнаа во Пекинг за време на официјалната посета на Путин на Кина.

Дводневниот, 26-ти по ред, самит на ШОС се одржува денеска и утре во Бишкек.

Можете да прочитате

Багдад дециден: Сите странски воени сили го напуштаат Ирак до 30 септември

Санчез: Руси и Израелци ширеа дезинформации за мигрантите во Сеута

Листата на исчезнати во Непал се зголеми на над 4.200 луѓе, стотици работници се заробени во тунели