Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Бледскиот форум важна платформа за размена на ставови за иднината на регионот

Image 2026 08 31 162414832.png

Денеска и утре учествувам на Бледскиот стратешки форум, што се одржува во Блед, Словенија. Овогодинешниот форум се одржува под мотото „Моќта да ја обликуваме иднината“ и претставува важна платформа за размена на ставови за иднината на регионот, Европа и светот, наведе министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Фејсбук.

– Во рамките на форумот ќе бидам говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување, посветена на геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи. Следуваат дискусии и билатерални средби посветени на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, регионалната соработка, европската перспектива и натамошното унапредување на партнерствата. – додава Муцунски на Фејсбук.

На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот.

Можете да прочитате

Возач загинал на патот Крива Паланка – Куманово

СДСМ: Бараме целосна истрага за сите скандали со Јанушев

Уапсена скопјанка кој го предизвикала пожарот кај МТВ