Утрински Весник
Балкан

Истражување во Србија на БИРОДИ: Студентската листа би освоила околу 48,5 отсто на следните парламентарни избори

20260831101104 big 730x400 32.webp.webp

Студентската листа би освоила околу 48,5 проценти од гласовите на следните парламентарни избори во Србија, додека листата на СНС-Александар Вучиќ би добила 38,6 проценти, а СПС 3,9 проценти, според моделот за проценка на можниот исход на изборите развиен и објавен од Бирото за социјални истражувања (BIRODI), јавија српските медиуми.

Според централното сценарио, Студентската листа би добила околу 2,003 милиони гласови, листата на СНС-Александар Вучиќ околу 1,593 милиони, а СПС околу 162.000 гласови. Заедно, СНС и СПС би имале околу 42,5 проценти, или околу 248.000 гласови помалку од Студентската листа.

БИРОДИ наведуваат дека моделот е базиран на официјалните резултати од изборите од 2012 година, анкетите на јавното мислење и демографските промени, заедно со податоци од Републичката изборна комисија, ЦРТА, Новата српска политичка мисла (НСПМ), Фактор плус, Нација ТВ и Ипсос.

Проценетиот опсег на резултати за Студентската листа е од 45,9 до 51,1 проценти, листата на СНС-Вучиќ од 36,3 до 40,9 проценти, СПС од 3,2 до 4,6 проценти, додека другите опозициски листи и листите на националните малцинства заедно би освоиле помеѓу 7,8 и 10,2 проценти од гласовите.

Се проценува дека околу 4.132 милиони гласачи би излегле на гласање, земајќи ја предвид евентуалната зголемена мобилизација на младите луѓе и поранешната апстиненција.

Не станува збор за класично истражување на јавното мислење или прогноза за конечниот резултат, нагласува БИРОДИ, туку за аналитичко сценарио на можни исходи. Наведуваат како клучни фактори излезноста на младите луѓе и апстиненти, концентрацијата на гласовите на опозицијата, резултатот на СПС и бројот на листи што би го надминале изборниот праг од три проценти. Како што е најавено, моделот ќе се ажурира во согласност со новите анкети на јавното мислење. 

Можете да прочитате

Криза во јавниот превоз во Албанија, од утре до 30% се редуцираат автобуските линии

Грција потпиша договор со Израел за „Железната купола“ во вредност од над три милијарди евра

Јанша ја повика ЕУ да ги исполни ветувањата за проширувањето на Западен Балкан