Утрински Весник
Македонија

Средба на Мисајловски со командантот на националната гарда на Вермонт, Грегори Најт

Dsc 4397 Resize.jpg

Во пресрет на одбележувањето на Денот на македонската Армијата, денеска министерот за одбрана оствари средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајот Грегори Најт кој е во посета на нашата земја.

За време на денешната средба се разговараше за досегашното партнерство и соработка помеѓу македонската Армија и Националната гарда на Вермонт која трае повеќе од 30 години и за нејзино интензивирање во иднина.

Обуките, заедничките вежбовни активности, размената на питомци меѓу двете академии се показател за одличната соработка, која е значајна за натамошен развој на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт кои покрај тоа што разменуваат искуства и стекнуваат нови знаења, градат силни врски.

Во рамки на денешната посета, министерот Мисајловски и генералот Најт го посетија Сајбер оперативен центар и Сајбер тренинг платформата во рамки на Армијата чија цел е да обезбеди соодветна сајбер одбрана.

Можете да прочитате

Јон Фрчкоски избран за нов директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ

Николоски: Македонија и Албанија се споени на патот кон ЕУ, но Албанија никогаш нема да стане членка

Вечерва разбојништо во Ново Лисиче: Со пиштол нападнати вработени во аптека