Утрински Весник
Економија

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ММФ – мерките на Народната банка ја зголемија отпорноста на банкарскиот систем

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ММФ – мерките на Народната банка ја зголемија отпорноста на банкарскиот систем

Народната банка води соодветни политики и презема мерки преку кои се обезбедува постепено намалување на ценовните притисоци и се зајакнува отпорноста на банкарскиот систем во услови на продолжена неизвесност. Ова се дел заклучоците од денешната средба на гувернерката и на вицегувернерите на Народната банка со новоназначениот шеф на Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје, Себастијан Соса, и со досегашната шефица, Стефани Ебле, која заминува на нова функција.

dobivaj vesti na viber

Во однос на банкарскиот сектор беше нагласено дека сите расположливи показатели за ликвидноста, капитализираноста и квалитетот на портфолиото на банкарскиот систем упатуваат дека тој и натаму е сигурен и стабилен. Покрај тоа, беше истакнато дека со макропрудентните и микропрудентните мерки на Народната банка преземени досега дополнително јакне капиталната позиција на банките, а се подобрува и квалитетот на побарувачката на кредити. Ефектите и ефикасноста на мерките се видливи преку растот на капитализираноста на банките и историски ниското ниво на лоши пласмани во нивните портфолија. Претставниците на ММФ истакнаа дека во услови на продолжена неизвесност овие политики на претпазливост на Народната банка, кои даваат резултати, треба да се применуваат и понатаму, известува Народната банка.

Во рамките на средбата беше заклучено дека централната банка успешно ги одржува стабилноста на девизниот курс и среднорочната ценовна стабилност и покрај последователните кризи.

На средбата, меѓу другото, беше нагласена постојаната и успешна соработка меѓу Народната банка и Меѓународниот монетарен фонд во повеќе области поврзани со водењето на политиките, но и со повеќе важни развојни проекти преку кои дополнително се зајакнува институционалниот капацитет на Народната банка.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ѝ се заблагодари на досегашната висока претставничка на ММФ во нашата држава за плодната соработка истакнувајќи дека како и досега, така и во иднина, ММФ ќе ѝ биде партнер на централната банка во носењето на политиките и јакнењето на капацитетот на централната банка, се додава во соопштението на НБ.

Можете да прочитате

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда