Утрински Весник
Свет

Средба на европските лидери за Украина утре во Париз

Elisejska Palata.jpeg

Околу 20 шефови на држави и влади, главно европски, утре ќе одржат состанок во Париз за да го потврдат своето единство и поддршка за Украина, земја во многу тешка ситуација по повеќе од две години исцрпувачка војна против Русија.

На средбата во Елисејската палата ќе присуствуваат огромно мнозинство европски лидери, меѓу кои германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот претседател Анджеј Дуда, како и премиерите на 15 земји од ЕУ.
На собирот преку видео врска ќе се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Претставниците на Унгарија и Словачка, двете земји од ЕУ најмалку наклонети кон Украина, нема да присуствуваат поради претходно закажаните обврски, се вели во соопштението на француското претседателство.

На средбата ќе присуствуваат американски и канадски претставници, како и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон.
Целта на состанокот е да се разгледаат сите средства за ефикасна поддршка на Украина, се додава во соопштението.

Состанокот доаѓа во контекст на загриженост во време кога Киев без оружје и муниција се наоѓа во многу тешка ситуација против Русија.

Од Елисејската палата додаваат дека целта на средбата е и да се испрати порака дека постои волја да се запре руската инвазија на Украина, како и порака до рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во Украина.

Можете да прочитате

Топлотниот бран во Мексико доведе до температурни рекорди што предизвика прекин на струја низ целата земја

Хакиран Европол, напаѓачот објави дека продава доверливи податоци

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД поради екстремизам