Утрински Весник
Македонија

Средба Муцунски – Сибиха: Потврдена недвосмислената поддршка за Украина

Tt.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк.

На средбата помеѓу МНРНТ Муцунски и МНР Сибиха беше реафирмирана македонската поддршката кон Украина, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Министерот Муцунски истакна дека недвосмислената поддршката кон Формулата за мир, Меѓународните коалиции за основање на трибунал за злосторство, агресија против Украина и за враќање на присилно раселените деца, продолжува и понатаму, како и кон останатите иницијативи и формати за обезбедување на практична помош за Украина.

На средбата стана збор и за билатералните односи, кои соговорниците ги оценја како одлични и позитивни, а беше изразено и задоволство од одличната соработка на мултилатерален план.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога