Утрински Весник
Македонија

Средба Божиновска – Милер: Поддршка од КфВ банка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање 

Image03.jpeg
Dik 300x250 mk

Во рамките на ESG Adria Summit 2025, што се одржува во Тиват, Република Црна Гора, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Стојановски, оствари работна средба со Клаус Милер, директор на КфВ банка за Југоисточна Европа и Турција.

Средбата беше фокусирана на напредокот и понатамошната реализација на неколку стратешки проекти: втората фаза од ветерниот парк Богданци, фотонапонската електрана „Битола 2“, како и третата фаза од ревитализацијата на големите хидроелектрани.


„Овие проекти не само што го зголемуваат домашното производство на електрична енергија, туку и го зајакнуваат целиот енергетски систем на државата. Партнерството со КфВ банката е значаен поттик за трансформацијата кон одржлива енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Посебно внимание беше посветено на нови иницијативи за техничка помош насочена кон унапредување на интерните капацитети на АД ЕСМ, за среднорочно и стратешко планирање, со акцент на инвестициските проекти,

КфВ банката потврди дека останува стратешки партнер и дека ќе продолжи со поддршка за нови проекти, меѓу кои се и фотонапонската електрана „Битола 3“ и други инвестиции во обновливи извори на енергија.

Проектите што се реализираат со поддршка од КфВ директно придонесуваат за збогатување на портфолиото од обновливи извори на енергија во Република Македонија, како и за долгорочна енергетска стабилност и сигурност.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС

Приведени Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула