Утрински Весник
Свет

Србин си ја убил сопругата, го ранил зетот па се самоубил

Маж, за кој швајцарските медиуми јавуваат дека е по потекло од Србија (57), ја убил сопругата (54), тешко го ранил зетот (36) и се самоубил по расправија во семејната куќа во Елсау, предградие на Цирих.

dobivaj vesti na viber

Злосторството се случило на 8 септември, според швајцарските медиуми, а на него присуствувале ќерката и внуците на Србинот.

– Околу 21 часот слушнавме врисоци, а потоа и неколку истрели. Не знаевме што се случува, но сигурно беа испукани 4 или 5 истрели, видовме дека полицијата ја обиколи куќата – изјавија за Блиц соседите на парот.

Се испоставило дека мажот прво ја убил сопругата, го ранил зетот, а кога видел што направил се застрелал. Брзата помош ги пренела двајцата повредени во болница, каде на зетот му била извршена операција, а напаѓачот починал.

Според медиумите, испукани се четири истрели. Кантонската полиција во Цирих во текот на ноќта за Блиц потврди дека се случило злосторство.

– Огнено оружје е употребено во внатрешна семејна расправија – соопштија од полицијата.

Блиц јавува дека семејството се доселеници од Србија, а ќерката и внуците не се повредени.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска