Утрински Весник
Македонија

10 возачи приведени, девет возеле без положен возачки испит

Policzija.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Е.И.(22), А.Д.(35) и Г.М.(38) од Скопје, Ш.Р.(22) од с.Света Петка, скопско, Ш.С.(43) и А.П.(24) од Куманово, Ј.К.(18) од с.Богородица, гевгелиско, М.Е.(45) од с.Здуње, гостиварско и Г.В.(60) од Битола. Додека, пак, 30-годишната Е.Д. од струшкото село Делогожда управувала патничко возило во спротивен правец.


По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Нема докази за шпионажа во Кабинетот на претседателката – Обвинителството ја заврши постапката

Николоски: Македонските превозници се жртви на бавната европска бирократија

Немам верба во државата – Таткото на судијата Ристов објасни зошто ги криел 350.000 евра во ѕид