Утрински Весник
Магазин

„Спотифај“ надмина 200 милиони претплатници

„Спотифај“ надмина 200 милиони претплатници

Бројот на претплатници на гигантот за стриминг на музика „Спотифај“ се искачи на 205 милиони до крајот на четвртиот квартал минатата година, надминувајќи ги очекувањата, но неговите загуби се продлабочија.

dobivaj vesti na viber

Шведската компанија, која минатата недела најави дека ќе отпушти речиси шест отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците, забележа нето загуба од 430 милиони евра минатата година во споредба со загубата од 34 милиони евра во 2021 година.

Приходите за целата година ги надминаа прогнозите, достигнувајќи 11,7 милијарди евра или пораст од 21 отсто во однос на претходната година.

Бројот на премиум претплатници, се искачи за 14 отсто на 205 милиони, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 202 милиони, што групата го припишува на силниот раст во сите региони, особено во Латинска Америка.

Вкупниот број на месечни корисници, вклучително и претплатниците што ја користат бесплатната верзија, изнесуваше вкупно 489 милиони на крајот на годината и треба да ја достигне границата од 500 милиони во 2023 година, соопшти „Спотифај“.

Основачот и извршен директор Даниел Ек минатата недела најави дека ќе се укинат околу 600 работни места од сегашните 10.000, по сличните потези на други гиганти од технолошката индустрија.

Во последниве години, компанијата инвестираше повеќе од една милијарда евра во поткасти  за да изгради уште еден извор на приходи покрај претплатите, но аналитичарите велат дека компанијата допрва треба да докаже дека инвестицијата вроди со плод.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак