Утрински Весник
Спорт

САД го поддржува учеството на Русите и Белорусите на ЛОИ 2024, но под неутрално знаме

САД го поддржува учеството на Русите и Белорусите на ЛОИ 2024, но под неутрално знаме

Соединетите Американски Држави го поддржуваат учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во Париз во 2024 година, но под неутрално знаме, соопшти Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Ако спортистите се поканети на меѓународен спортски настан како што е Олимпијадата, „мора да биде апсолутно јасно дека тие не ја претставуваат Русија или Белорусија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Употребата на руското и белоруското знаме, грб или химна треба да се забрани“, додаде таа и потсети дека САД ја поддржаа суспензијата на руските и белоруските спортски тела од меѓународните спортски федерации.

Дали руските и белоруските спортисти ќе учествуваат или не на Игрите во Париз во 2024 година е прашање на голема дебата.

Украина сака на руските спортисти едноставно да им биде забрането да учествуваат поради инвазијата на таа земја, барање поддржано од балтичките земји и од Полска.

Рускиот Олимписки Комитет смета дека неговите спортисти треба да учествуваат на Игрите без ограничувања.

Меѓународниот Олимписки Комитет неодамна предложи патоказ за враќање на спортистите под неутрално знаме, под услов тие „активно да не ја поддржуваат војната во Украина“.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка