Утрински Весник
Свет

Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

20241120080835 Big 730x400 87.webp.webp

Компанијата Спејксикс (SpaceX) на американскиот милијардер Илон Маск го лансираше шестиот пробен лет на вселенското летало Старшип од Тексас, а на лансирањето присуствуваше и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

НАСА планира да користи Старшип за испраќање луѓе на Месечината како дел од својата програма Артемис.

– Одам во големата држава Тексас за да го гледам лансирањето на најголемиот објект некогаш лансиран, не само во вселената, туку со едноставно полетување од земјата, напиша Трамп на својата социјална мрежа и му посака среќа на Маск за лансирањето на ракетата.

Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите би требало да слетуваат на Месечината и се пренесува екипаж на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Спејсикс во Тексас.

Ракетниот засилувач, наречен „Супер тежок“ (Super Heavy), не бил фатен за време на петтиот пробен лет, туку паднал во Мексиканскиот Залив.

Ракетата Старшип падна во Индискиот Океан по околу час и половина лет околу Земјата.

Трамп претходно најави дека ќе го назначи Маск на чело на новоформираниот Оддел за ефикасност на Владата во новата администрација.

Можете да прочитате

Џенифер Анистон и аферата со Барак Обама: Едвај го познава, овие гласини се луди

Убиен светски познат кикбоксер – Пронајден мртов на паркинг, беше најбараната личност во подземјето

Големо повлекување на Кока-Кола и другите омилени пијалоци во Европа: се огласи компанијата