Утрински Весник
Спорт

„Ти благодариме Рафа“ – тенискиот свет го испрати Надал во пензија

12638514.jpg

Шпанија испадна во четвртфиналето во Дејвис купот. На домашен терен во Малага, Панија загуби од Холандија со 1:2. Овој пораз го означи и крајот на кариерата на рафаел Надал.

Во воведниот меч Надал загуби од Ботик ван де Зандсхулп со резултат 6:4, 6:4. Изедначи Карлос Алкараз со победата 7:6, 6:3 над Талон Гриксспор.

Победникот беше решен во двојки. На едната страна беа Алкарас и Гранољерс, на другата Кулхоф и Ван де Зандсхулп.

На крајот Холанѓаните славеа со 7:6(4), 7:6(3).

„Бикот“ на патиките на Рафаел Надал ќе остане запаметен како симбол на неговата борбеност и пожртвуваност на теренот. Со интересно видео неговиот главен спонзор компанијата „Најки“ му се заблагодари на Надал за неговата неверојатна кариера.

Очекуваното пензионирање на еден од најуспешните тенисери на сите времиња предизвика многу реакции.

Главниот спонзор на Надал, компанијата „Најки“, на многу интересен начин и оддаде почит на кариерата на големиот шпански тенисер.

Можете да прочитате

Стојановски и Панчевски се најуспешните македонски шахисти на ЕП

Гречен Велш урна рекорд од 2009 година

ВТА ја избра тенисерката на годината