Утрински Весник
Свет

Најмалку 31 загинат во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Pakistan33.jpg

Најмалку 31 лице загина во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на локалните власти.

Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот.


Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Засега нема официјални информации за точниот број повредени, ниту за тоа дали некоја организација ја презела одговорноста за нападот.

Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.

Можете да прочитате

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината