Соопштение на СДСМ:
Македонската јавност треба да знае дека заради тоа што власта не знаеше како треба да се го срочи законското решение, за предложениот закон за инспекциски надзор, денес пазарниот инспекторат оди и дава опомени, а трговците немаат можност да бидат казнувани, туку си продолжуваат со високите цени, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.
– Носењето на вакви законски решенија, на брзина, како и одлуката на претседателот на Собранието да носи законски решенија по секоја цена, без да води сметка, сега тоа не доведува до една ваква ситуација. На 25. декември, беше предложен закон за инспекцискиот надзор, и тогаш претседателот на собранието, а и денес очигледно, не послуша кога кажувавме дека има пропусти во законскиот текст, и дека нема да може да ги завршат обврските, онака како што треба, па сега имаме ситуација во којашто инспекторатите не се дел од министерства, вработените во инспекторатите не земаат плата, инспекторатите не можат да вршат надзор, на пример пазарниот инспекторат сега оди и дава опомени, а трговците немаат можност да бидат казнувани, туку си продолжуваат со цените, рече Спасовски.
Тој укажа дека не може на секој две недели да се свикува седница на собрание, којашто чини 30 илјади евра, за ист закон.
– На 25 декември 30 илјади евра, денес згрешена седница, повторно 30 илјади евра и т.н., трошоците ќе си ги покриете до крај. Јас очекувам дека за две недели ќе треба да има нова седница, за истиов закон. Седнете и читајте ги добро законските решенија. Да прекинеме со праксата заради којашто, заради итни потреби, а при тоа, несогледливо е она што треба да се направи, или она што сакате да го направите, а не можете да го направите, не доведувате во ситуација да имаме итни седници, скратени постапки, брзање во носењето на одлуките и на крај немаме решение, рече Спасовски.