Утрински Весник
Македонија

Спасовски за Гласот на Америка: Огромно мнозинство на граѓани посакуваат иднината да ја градат како граѓани на ЕУ

IMG 20240113 WA0003 1536x1022

Министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Гласот на Америка запрашан дали Социјал демократскиот сојуз на мајските избори ќе извојува победа ако се земат во предвид и некои анкети, го изрази својот оптимизам бидејќи огромното мнозинство на граѓани посакуваат иднината да ја градат како граѓани на Европската Унија.

„Треба целиот тој концепт да се доближи до граѓаните и да се направи се за проевропските, прогресивните и демократските сили, кои што знаат да ја водат Република Северна Македонија, да ја добијат довербата на граѓаните. Останува да работиме посветено, одговорно, да признаеме таму каде што грешевме, да ја понудиме перспективата на државата во ЕУ пред граѓаните. Навистина верувам дека наспроти концептот кој што значи уназадување, има сериозна предност проевропскиот концепт“, истакна министерот Спасовски.

Можете да прочитате

Армијата ќе добие ново вооружување 

Родителите од Кочани бараат дали се направени токсиколошки анализи, ако за 3 дена не добијат одговор ќе протестираат пред Судска медицина

Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница со две столчиња и душек