Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Владата иако техничка, има обврска да овозможи нормално функционирање на државата

Spasovski.jpg

Претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денес во изјава за Канал 5 се осврна на потребата од техничка влада и потенцираше дека ако се споредува временски со периодот кога беше постигнат договор за таква преодна влада и денеска, околностите се сосема различни бидејќи во тоа време имавме време во коешто се беше окопирано од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, визави сегашната состојба во која што има демократски амбиент, капацитетот на институциите е на повисоко ниво.

„Меѓутоа сепак сметам и за демократијата е добро да функционира ваква една Влада во којашто ќе се спроведат сите активности коишто ќе значат подготовка на изборите. Од друга страна не само подготвување на изборите, оваа Влада има задача да овозможи да функционира државата нормално и до формирањето на следната влада после завршувањето на изборите.“, потенцираше Спасовски.

Спасовски исто така истакна дека претстојат многу предизвици и тие предизвици треба соодветно да бидат изменаџирани и дека очекува дека Владата пред се ќе работи во интерес на граѓаните и на државата.

Можете да прочитате

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност

Растат црните статистики: Bо 2024-та загинале 142 лица, најчесто поради брзо возење

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца