Утрински Весник
Македонија

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР

468215286 1120290796134525 3925779897764918924 N.jpg

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе 55 роденден на Хеликоптерската единица на МВР.

„Дозволете ми да упатам искрени честитки по повод јубилејот 55 години постоење на Хеликоптерската единица при Одделот за воздухопловни единици во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

На овој значен јубилеј за една од највлијателните и најпрофесионални единици во македонската полиција, се присетуваме на успешната работа од половина век, како гаранција за безбедноста на нашите граѓани.Имајќи ги предвид технолошките и организациските аспекти, како и нивото на опременост и обука на пилотите, можам со задоволство да кажам дека овие неодминливи елементи изминативе години беа катализаторот за успех на оваа единица.

Никогаш да не заборавиме дека со хеликоптерите на оваа единица не само што овозможивме брза интервенција и медицински транспорт на итни случаи, од меѓународен и национален карактер, туку ја овозможивме и клучната улога во справувањето со природни катастрофи, особено при гаснење на пожари низ државата, како и при гонење на криминални групи и спречување на терористички активности.

Посветеноста и професионализам на припадниците на оваа организациска единица се импресивни и сведочат за истрајноста и способноста да се надминат сите предизвици.

Доколку се осврнеме на нашите заеднички напори, како поранешен министер, особено сум горд што бев дел од вашата историја и што имав прилика да ја поддржам вашите работа и развој. Верувам дека и во иднина ќе продолжите да бидете движечка сила во гарантирањето на сигурноста на нашите граѓани и нашето општество.

Изразувам искрена благодарност за вашата посветеност и професионализам и ви посакувам уште многу успешни години и многу достигнувања во службата. Честитки за јубилејот 55 години постоење на Хеликоптерска единица при МВР и многу успех во иднината“ се наведува во честитката на Спасовски.

Можете да прочитате

Детали за акцијата „Адитив“: Под истрага 23 лица, претреси на 77 локации

Судии загрижени поради американската црна листа: Удар врз честа и угледот на судската власт

Уапсен е и ексдиректорот на ЕСМ, Васко Стефанов, кој беше надвор од државата