Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Повеќе не е потребна техничка влада, инситуциите функционираат со полн капацитет

Screenshot 2024 01 28 114842.png
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од последниот состав на Владата, која од денеска ќе биде наследена од „техничка“ која ќе има обврска да ги спроведе претстојните избори, во ТВ емисијата Трилинг го изнесе својот став дека повеќе нема потреба од ваква трансформација. Тој смета дека не се истите околности од времето кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт, бидејќи т.н. Пржинска влада во 2016-та била формирана заради „режимот кој владееше“. -Кога говориме за „Пржинската влада“ говориме за едно време кога тоа мораше да се случи за државата да биде ослободена од режимот со кој се владееше. Во овој момент според мене лично немаме потреба од „Пржинска влада“ или од било каква друга влада затоа што институциите функционираат под полн капацитет без никаква злоупотреба, вели Спасовски.

Можете да прочитате

Европската комисија ги повика Скопје и Атина да го почитуваат Договорот од Преспа

Схинас: Новото политичко раководство на С.Македонија создадоа политички и правен случај

Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопje