Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Платите се зголемени за 35 проценти во МВР од 2017 до 2023

438099026 988464282650511 6999701990126986676 N.jpg

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи напиша за постигнувањата во ресорот внатрешни работи за време на неговиот мандат.

„Резултатите, постигнати со чесна работа и со многу труд ми даваат за право да застанам денеска пред вас и да ве повикам – да продолжиме заедно.

Во однос на постигнувањата за време на министерскиот мандат во МВР, знаете дека ја вративме довербата во полицијата, што беше сериозно нарушена за време на режимската власт до 2016 година, кога апсеа, ставаа лисици, парадираа пред камери со наводни акции, со коишто се пресметуваа со неистомислениците.

Во време на мојот мандат, успешно го воспоставивме концептот „МВР за граѓаните” и успеавме со посветеност кон граѓанските потреби, професионализам и љубов кон нашата татковина, да постигнеме значаен напредок во воспоставувањето партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните, во полза на безбедноста на граѓаните и државата. Денес има МВР кое што активно придонесува во посигурно и стабилно општество за сите.

Со почит кон сите припадници на Полицијата и вработени во Министерството за внатрешни работи, за периодот од 2017 до 2023 година платите се зголемени за 35 проценти, а се исплатени и сите бонус плати за одработени прекувремени работни часови. Вложени 17 милиони евра во реконструкции на 82 полициски објекти низ државата и 14 милиони евра во униформи и опрема.

Воспоставив систем на напредување според закон. Благодарение на посветените професионалци кои добија шанса да работат по закон, значително е намалена стапката на криминалитет и е зголемена откривачката активност. Деновиве сме сведоци како се прават повторно обиди и по 4 нивоа да се прескокнуваат, за да напредуваат партиски кадри, а приведен беше и новинар. Без навлегување во работата на стручните лица, сето ова е направено на начин што потсетува на едни мрачни времиња на МВРО, што едвај ги надминавме и верувам дека сите ќе се вложиме – никогаш повеќе да не се вратат.

Затоа, граѓаните мудро на 8ми мај – бројот 1 за победа на европската иднина!”, напиша Спасовски.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег