Утрински Весник
Македонија

Кривична за битолчанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

642954652 1220247956952396 3987160417160297914 n.jpg

СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична пријава против Д.Н.(67) од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело „измама” казниво по чл.247 ст.1 од КЗ.

Д.Н. и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни несреќи и се здобиле со тешки повреди, па требало да дадат пари за нивно лекување.


Тие успеале да измамат 84-годишна битолчанка и 83- годишен битолчанец при што им одзеле вкупно 20.000 евра, при обид да измамат 78-годишна жителка на битолско село на 27.02.2026, таа го пријавила случајот во СВР Битола и веднаш се преземени мерки и активности, при што полициски службеници на лице место го затекнале и го лишиле од слобода Д.Н. при обид да ги земе парите. Д.Н. во целост ги признал кривичните дела, по што е поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан

Информација, интерпретација и право на сопствен став