Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари!

7b9d1491 3ad5 47d1 8e0b 1cba40614460.jpg

Носителот на изборната единица 2 од СДСМ, денеска со пензионерите од пензионерскиот дом „Лика Чопова”, разговараше за европската иднина на државата која заедно ја градиме и за мерките и политиките на СДСМ за поголеми пензии и достоинствен живот. 

„Пензионерите – нашите сограѓани, целиот работен век го вложувале за напредокот на нашата земја, ги вложувале своите капацитети на работните места, во домот и семејството. Затоа заслужуваат да имаат пристојни пензиски денови. Да им се оддолжиме достоинствено!”

„Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат. Денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии и не се откажуваме од европската иднина! Во новиот мандат СДСМ гарантира минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари!”, рече Спасовски.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница