„Ако ја следиме опозицијата со нивните ставови, тие прво рекоа дека не прифаќаат нови документи со новото име Северна Македонија, за да дополнително видиме дека тие се согласуваат да имаме нови документи и тоа не од 2021 година туку од 2019 година, па поставија прашање во јавноста зошто не сме почнале да ги менуваме и да добиваат граѓаните документи со новото име во 2019-2020 година, за да денеска организираат експресно преку МВР сите граѓани да можат да ги добијат документите. Тоа е едно лицемерие коешто се води од страна на опозицијата без јасно изразени ставови. Тоа е исто како и за времето на пописот. Целата опозиција повикуваше граѓаните да не се попишуваат. Сето тоа е на контото на сите нас и на контото на политиките коишто треба да бидат креирани“, изјави поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека во јавноста се пласиираат лажни перцепции и лажни вести.