Утрински Весник
Македонија

Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островце на реката Треска

20240710073519 Big 730x400 45.webp.webp

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островце на реката Треска.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична  енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат.

Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст кои информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај.

 Од страна на ЦУК е побара од диспечерите во хидроцентралите да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска.

 Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување  на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.

 По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известил хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ непречено да произведуваат со производство на електрична енергија.

Можете да прочитате

Осуденик од Струмица уапсен за кражба на пари од црква

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме

Со нож сакал да го нападне брат му: Кривична за маж од Прилеп