Утрински Весник
Македонија

Спасени четирите лица кои залутаа по клисурата на Пчиња

Camec Spasuvanje 1068x601 1.jpg

Четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години) беа пронајдени и спасени. Според информациите од ЦУК тие биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велесод каде што по земјен пат не можеа да се извлечат во текот на ноќта.

-Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење. Инаку Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец,.

Изгубената група се обидувала по стрмен терен да стигне до манастирот Мала Богородица, по што се загубиле и немале можност да се вратат.

Рано утрово, во два часот по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.

Можете да прочитате

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

Активен пожар во Негорци, регистрирани петнаесет пожари на отворено во изминатото деноноќие

Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга