Утрински Весник
Спорт

Спалети: Не бевме доволно добри против Кремонезе

Спалети: Не бевме доволно добри против Кремонезе

Наполи е лидер во Серија А, но доживеа непријатна елиминација во Купот на Италија од последнопласираниот тим Кремонезе. Синоќа во Неапол, Кремонезе во финишот на регуларниот тек успеа да израмни на 2:2, издржа и со фудбалер помалку во продолженијата, а на крајот славеше по изведување пенали.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на „наполитанците“, Лучијано Спалети, очекувано не е задоволен од изданието на својот тим.

„Не бевме толку добри како обично. Видовте колку лошо ја контролиравме топката, иако ја контролиравме играта. Освен неколку моменти, нашите противници не можеа многу да направат. Примивме гол во ситуација кога ја загубивме топката пред шеснаесетникот“, изјави Спалети.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами