Утрински Весник
Спорт

Спалети: Голот на Кварацхелија беше во стилот на Марадона

Спалети: Голот на Кварацхелија беше во стилот на Марадона

Навивачите на Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ синоќа повторно беа сведоци на фантастична партија на Квича Кварацхелија. Овој 22-годишен грузиски крилен напаѓач е хит на сезоната, а Аталанта почувствува колку е моќен.

dobivaj vesti na viber

Наполи победи со 2:0, а Грузиецот постигна прекрасен гол во 60. минута. Грузиецот влета во шеснаесетникот, тројца одбранбени играчи се обидоа да го сопрат, а потоа ги изненади со дриблинзи и целосно ги исфрли од рамнотежа. Сите тројца дефанзивци беа исфрлени од игра, како и голманот, а топката помина крај него во блискиот агол од голот.

Кварацхелија оваа сезона има 13 постигнати гола, а забележа и 15 асистенции.

„Се осмелувам да кажам дека голот на Кварацхелија беше во стилот на Марадона. Ако некој дефанзивец му го заврти грбот, тој е мртов играч“, се пошегува Лучијано Спалети, кој истакна и дека според него Ким Мин Јае е најдобриот стопер на светот.

Наполи има 18 бода предност пред Интер на врвот на табелата и градот под Везув се подготвува за првата титула по 1990 година и ерата на Диего Марадона.

Можете да прочитате

Фулкруг двоен стрелец за Германија против Перу

Реновираната Шпанија блесна против Норвешка, Велс ја изненади Хрватска на „Пољуд“

Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име