Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Денеска се сеќаваме на сите 7144 Евреи, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот

Битиќи: Денеска се сеќаваме на сите 7144 Евреи, тие не се бројка, тие се светлината која ни го покажува патот

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестии, Фатмир Битиќи, придружуван од Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, денска преставуваше на одбележување на 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи: Никогаш повеќе!.

dobivaj vesti na viber

Одбележувањето е во организација на Еврејската заедница на РМ и Фондот на Холокаустот на македонските Евреи, а под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

– 7144 Евреи, од ова место, каде што сега стоиме, пред 80 години, засекогаш ги нема. Нивниот живот заврши. Брзо, сурово, непотребно. Заврши поради лудата и крволочна идеја на неколкумина, кои беа потоа поддржани од многу други. Ете толку е лесно злото да надвладее. Затоа денеска, како и сите денови, гласот на разумот, светлината, прифаќањето, човечноста и демократијата мора да е гласен и јасен. Да го слушнат сите. Нивните животи можеби завршија, но нивниот дух е постојано со нас, да не потсетува и да не храбри. Злото на Холокаустот не смее да се повтори, рече вицепремиерот Битиќи додавајќи дека тие луѓе не се бројка туку светлина која ни го покажува патот.

 

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата