Утрински Весник
Скопје

ЈСП „Скопје“: Се надградува системот за електронска наплата на билетите во автобусите

Elektronska Karta Za Gradski Avtobus D Andonovski 1.jpg

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ информира дека во тек е надградба на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, согласно договорот бр. 08-359/1 од 15 април со софтверската компанија „Аитоникс Македонија“.

Како што објаснуваат од ЈСП, надградбата се врши во три фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем.

„Оваа фаза ќе заврши до 15 септември, кога почнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи се’ уште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси“, велат од ЈСП.

Оттаму посочуваат дека третата фаза ќе трае 15-30 дена, при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Потоа се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на новиот систем, со што, велат тие, надградбата ќе биде завршена.

„Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период“, соопштува ЈСП.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: За десетина дена почнува поврзувањето на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“

Големиот пожар кај Рампа ставен под контрола, еден пожарникар пренесен на Клиники

„Марија Кири – Склодовска“ стана првото државно средно училиште во Скопје