Утрински Весник
Скопје

ЈСП: И приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, долгот ќе се сервисира како што првично договорија

Privatni Prevoznici Avtobus Protest.jpg

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија по неговото именување на чело на претпријатието.

Приватниците и Кушовски денеска практично одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот.

Претходно приватните превозници рекоа дека од петок нема да возат, бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ повторно не им плаќаат за услугата. Заклучно со јуни им се должи 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра.

Денеска возачите излегоа на прес-конференција на која кажаа дека немаат веќе пари за гориво, должат на пумпите каде што полнат и веќе почнале да добиваат тужби. Како ќе им снемува гориво, така ќе ги паркираат автобусите и ќе ги исклучат од сообраќај.

Можете да прочитате

Значајни инвестиции за подобрување на условите во ООУ „Лазо Ангеловски“ и спортскиот центар „Марко Божиновски“

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Апел за рационално користење на водата

Ѓорѓиевски го отвори новиот спортски комплекс ,,Бецко” во местото Дупки во Драчево