Утрински Весник
Скопје

ЈСП едвај интервентно купи нафта, на тендерите никој не се јавува

Jsp Avtobusi Parkirani.jpg

Поради кризата во работењето на ЈСП Скопје нема интерес од страна на операторите за учество на тендерите за купување на нафта, но јавното сообраќајно претпријатие успеа интервентно да набави нафта од Пуцко Петрол.

Околу пладне во ЈСП било одлучено да се реализира интервентна итна набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари односно речиси два милиони евра. Сумата е без ДДВ.

Според информациите на „Телма“, Пуцко Петрол бил единствениот понудувач кој бил избран во оваа набавка во четири очи без претходно објавен тендер. Оваа итна постапка беше одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на владата.

Редовен договор засега ќе нема затоа што се јавувал по еден понудувач без комплетна документација, или без банкарска гаранција.

Во моментов автобусите ги трошат последните количини што со одобрение на Владата му беа отстапени од државните нафтени резерви.

Можете да прочитате

Меџити: Над 8 милиони денари инвестиција за улицата 157

Општина Аеродром го одбележа 21. роденден

ЈП Водовод и канализација со акција за плаќање долгови без камата до 5 јуни