Утрински Весник
Македонија

Советот на Европа бара од Владата детални информации за апсењето на Фуркан Салиу 

Img 6280.jpeg

Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на еден натпревар од Третата македонска лига денеска се најде и на седницата на Владата. Таа, на предлог на премиерот Талат Џафери, го задожи Министерството за внатрешни работи да достави комплетна информација што сѐ се случуваше и зошто дојде до апсењето на Салиу, а подоцна и до поднесување кривична пријава за него до обвинителството од страна на МВР.

Според соопштението од седницата на Владата имало барање од Советот на Европа државните институции да дадат одговор за овие случувања.

Апсењето на Фуркан Салиу предизвика лавина реакции од новинарските здруженија, но и од пошироката јавност.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Голема загуба за албанската медиумска сцена, сочувство до семејството Хајредини

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа за случајот со Лотаријата