Утрински Весник
Свет

Советникот на Зеленски поднесе оставка, предизвика бура реакции со изјавите за смртоносниот напад на Днепар

Советникот на Зеленски поднесе оставка, предизвика бура реакции со изјавите за смртоносниот напад на Днепар

Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, утрово му поднесе оставка на Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Арестович предизвика бура со својата изјава по нападот на Днепар. Арестович претходно беше познат како личност склона кон контроверзни изјави, во кои директно или индиректно се судри со командантите на вооружените сили на Украина, локални политичари итн.

Овој пат тој предизвика бура со својот говор, во кој изјави дека проектилот над градот бил соборен од украинската противвоздушна одбрана и дека поради тоа, тој паднал неконтролирано.

Аргументот на кој Арестович ја изградил својата верзија на настаните е особено интересен: „Мојот пријател, поранешен офицер за противвоздушна одбрана, одеше по улицата во моментот на ударот, ми рече дека 100 % слушнал две експлозии и дека се идентификувал првиот како работа на противвоздушната одбрана. До сега не згреши. И беше сигурен дека проектилот е соборен“.

По таа изјава, градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, Арестович го опиша како „самољубив никаквец“.

Покрај тоа, тој ги покани Службата за безбедност на Украина и контраразузнавачката служба да одговорат на изјавите на советникот.

Коментарот предизвика бес во Украина, што го натера Арестович да се извини.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепар и сите што беа длабоко повредени од мојата погрешна верзија за причината поради која руска ракета погоди станбена зграда“, напиша тој на „Фејсбук“.

Тој потоа го повлече своето извинување преку интернет велејќи дека јасно ставил до знаење во своите првични коментари дека неговиот заклучок е само прелиминарна теорија.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека станбен комплекс во Днепар бил погоден од руска ракета „Х-22“ за која Киев тврди дека нема опрема за пресретнување.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади