Утрински Весник
Скопје

Состанок во ЦУК за опасноста од полусрушениот ѕид на Клинички центар во Скопје

20240611145226 Big 730x400 15.webp.webp

Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), напладне ќе се одржи координативен состанок за опасноста од полусрушениот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од ЦУК, на состанокот се поканети претставници на Министерството за здравство, на Град Скопје и на Општина Центар.

Претходно, ЦУК апелираше до надлежните институции, да се координираат и веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид.

Директорот Стојанче Ангелов неодамна во изјава за медиумите кажа дека со најлошо сценарио, може да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата по која минуваат возила.

– Може да дојде до поголема трагедија каде ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила под ѕидот, појасни Ангелов. 

Можете да прочитате

Без струја дел од корисниците во Аеродром и Студеничани

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста