Утрински Весник
Свет

Сопругот ја нашол сопругата во куќата со двајца мажи, па се заканил дека ќе ги убие сите

Сопругот ја нашол сопругата во куќата со двајца мажи, па се заканил дека ќе ги убие сите

Во полициската станица Сански Мост се обратила 34-годишната К.С. со цел да го пријави 36-годишниот сопруг поради страв за својот живот по семејната драма впо нивниот дом.

dobivaj vesti na viber

Имено, К.З. (36) дошол пред семејната куќа каде го пресретнала заклучена врата, пренесува „Српскаинфо“.

Тој удирал по вратата и се заканувал дека ќе ја убие К.С. (34), но таа во страв немала храброст да ја отклучи вратата и да го пушти во куќата.

Во куќата, покрај К.С. (34), биле и двајца мажи со иницијали К.Е. (30) и С.Е. (35), пренесува медиумот.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и го затекнала К.З. (36) со шрафцигер во рака.

Тој се заканувал дека ќе ги убие сите во куќата кога полицијата си заминала, пренесуваат порталите.

Полициски службеници го привеле

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички