Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот умерен, се одвива по влажни коловози

Сообраќајот умерен, се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од вчера патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тона.

АМСМ препорачува внимателно возење на делниците Петровец – Катланово и Миладиновци – Хиподром, каде поради градежни активности сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим. Времен режим има и на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино, а ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

 

Можете да прочитате

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

Јаневска: За жал, резултатите на ПИСА 2025 се многу лоши, имавме подобри во 2001

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција