Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено, слаб снег на Попова Шапка

Сообраќајот се одвива непречено, слаб снег на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка кој во моментов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информираат од АМСМ.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница