Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, температура до 36 степени

Soncevo Treva 1.jpeg

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

-Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница