Утрински Весник
Македонија

Сончево и студено време со засилен северен ветер утре

Vreme 1.webp.webp

Утре времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност, информира УХМР. Ќе дува засилен до силен северен ветер, а на некои места ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе се движи од -10 до -4, додека максималната ќе достигне од -3 до 6 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево и студено време со умерен северен ветер, минимална температура до -6 и максимална до 3 степени. Во четврток и петок ќе продолжи студеното време со негативни минимални температури, кои на некои места ќе се спуштат под -10 степени. Од петок натаму ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд, со умерен до засилен јужен ветер и постепен пораст на температурите.

Можете да прочитате

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!

Контролори за боледувањата ќе ѕвонат на врата, но смеат ли да влезат во домот?