Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло со мала облачност

Zheshko Vreme.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. UV=9

Во Скопје, како што соопштија од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Според УХМР, до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено денеска кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура. 

Можете да прочитате

Повредениот Авокатов ја опиша годината помината од големиот пожар во Кочани

Од утре врнежливо време – 24info.mk

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника