Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, до 42 степена

Vreme.jpg

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степени. UV=9

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3-4 степени во споредба со денешната

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди